Новинарката на ЕСПН, Ел Данкан, смета дека центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, мора да биде во најтесниот избор за МВП наградата за најкорисен играч во сезоната, но додаде дека на крајот тешко ќе го освои трофејот.
Јокиќ игра фантастично сезонава, има просек од 24.9 поени, 10.9 скокови и е трет асистент во НБА со 9.3 по натпревар, и е главен фаворит за МВП признанието, но новинарката вели дека на крајот ова признание ќе му припадне на друг кошаркар.
Данкан смета дека играчите кои премногу доминираат во лигата, им стануваат досадни на луѓето кои гласаат во изборот за МВП и поради Јокиќ тешко дека трета година по ред ќе биде прогласен за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.
„Мислам дека нема да му го дадат третиот МВП трофеј на Јокиќ. НБА не направила такво нешто од сезоната 1983-84, мислам дека последен кој успеа е Лери Бирд. Да биде иронијата поголема, статистиката која ја има Јокиќ е идентична како таа на Бирд и на Меџик, тие беа единствените што можеа да имаат 13 поени, 13 асистенции и 13 скокови на секој натпревар. Мислам дека НБА не сака секоја година МВП трофејот да му го дава на истиот играч. Но, Јокиќ има најдобра „плус-минус“ статистика во целата НБА лига и овој податок ни покажуба колку некој играч е важен за својот тим. Денвер победува буквално поради Јокиќ. Доколку Јокиќ не ви е на списокот на кандидати за МВП наградата, не знам кој треба да биде. Но, од друга страна, мислам дека на Јокиќ ќе му случи тоа што беше и со Леброн Џејмс. Секоја година може да биде МВП, но…“, изјави Данкан.