34.8 C
Skopje
недела, 17 август 2025

НБА одреди нов датум за прием на Коби Брајант во Куќата на славните

Церемонијата во Спрингфилд во која трагично загинатиот Коби Брајант, Тим Данкан и Кевин треба да бидат примени во Куќата на славните на НБА-лигата ќе се одржи од 13 до 15 маj 2021 година.

НБА го постави новиот датум за овековечување на кошаркарските легенди бидејќи првично планираниот настан се одложи поради пандемијата со корона-вирусот.

Брајант постхумно ќе влезе во Куќата на славните, иконата на ЛА лејкерс која на почетокот од годинава на 41 година трагично го загуби животот во хеликоптерска несреќа заедно со неговата ќерка Џана и уште седуммина патници.

 

- Оглас -

Најнови вести