НБА пак ќе се игра во јули – Светот на Дизни и Градот на Коцката се тркаат за ѕвездите

Најсилната лига на светот НБА се подготвува за рестартирање на сезоната 2019/20, а се очекува повторно да се игра баскет во втората половина на јули.

Од почетокот на идниот месец ќе биде објавено кога НБА-ѕвездите ќе можат да почнат со сериозни тренинзи како пдоготовка за продолжување на шампионатот што беше прекинат во март.

Засега има две опции, преостанатите мечеви од регуларниот дел на сезоната и потоа плејофот да се одиграат во Орландо или во Лас Вегас.

Можно е и двата града да бидат домаќини на најдобрите кошаркари на планетата, а мечевите би се играле во Светот на Дизни во Орландо и во Градот на Коцката.

Дел од кошаркарите веќе почнаа со индивидуални тренинзи, а неизвесно е и со каков формат ќе се доигра НБА-лигата. Јасно е дека е можно и веднаш да се почне со плејоф, што е реална опција која би ја соопштил комесарот на лигата Адам Силвер.

- Оглас -

Најнови вести