Новата сезона во НБА-лигата започна пред неколку дена, а сега следува првиот викенд кој е исполнет со многу мечеви. Ноќеска во најсилната кошаркарска лига во светот се закажани 10 средби.
Според коефициентите, на шест од првите седум пресметки треба да доминираат домаќините. Орландо е апсолутен фаворит против Бруклин, а во иста улога се и Кливленд против Детроит и Милвоки, кој за ривал го има Чикаго.
Голден стејт гостува кај Јута и Воините треба да се фаворити против екипата која ја победија петпати во последните пет дуели. Еден од дерби-дуелите треба да биде во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес, каде што Лејкерс ќе игра против Феникс санс.
Дури 94-ица кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени, што е една перфектна шанса да се одберат неколкумина играчи и да се состави добитен тикет.