НБА понуда за мерак на фановите, трите најинтересни дуели се играат во европски термини (ФОТО)

Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат дури 11 натпревари за кои Sport Life подготви по 154 комбинации за играње. Традиционално за викендите, три натпревари ќе се играат во европски термини, а првиот дуел е дербито на Истокот меѓу Филаделфија и Милвоки и ќе започне од 19 часот.

Филаделфија која игра без својот најдобар играч, Џоел Ембид кој е повреден, на последните три меча доживеа два порази и падна на петтото место на Истокот, а и вечерва нема да ја има фаворитската улога.

Милвоки исто така победи само еднаш на последните три меча, но Јанис Адетокумбо и Дамиен Лилард влеваат самодоверба кај навивачите на Елените.

Од 21.30 часот пак на Западот ќе се игра интересен натпревар меѓу Феникс санс и ЛА Лејкерс. Ова ќе претставува дуел меѓу Девин Букер и Кевин Дурант од едната и Леброн Џејмс и Ентони Дејвис од другата страна, а квотите ги фаворизираат Сонцата (1.69) иако во нешто подобра форма се Лејкерси кои по олстар викендот имаат по една победа и пораз. Феникс пак ги загуби двата меча (Далас и Хјустон) по олстар викендот.

Иште едно дерби ќе се игра во Индијанаполис каде Индијана ќе го пречека Далас маверикс кој се наоѓа во серија од седум победи по ред и заедно со лидерот на Истокот, Бостон селтикс се екипите кои се нааоѓаат во најдобра форма.

Во понудата на Sport Life тука е и популарната игра „плус-минус“ поени, каде што може да се погодува за бројот на поени на дури 103-ца кошаркари. Комплетната понуда на Sport Life може да ја погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести