Денешната понуда на Sport Life носи вистинско уживање за обложувачите кои сакаат да уплаќаат тикети со мечеви и играчи од кошаркарската НБА-лига.
По олстар-паузата, продолжува регуларната сезона, следниов период ќе биде клучен околу местата во плејоф и плејин.
Вечерва по полноќ се играат девет натпревари, а најголем фаворит според квотите е Далас, кој игра тексашко дерби против Сан Антонио. Се очекува нова ефикасна игра на двоецот Ирвинг-Дончиќ во понудата за играчи, од Словенецот се бараат 32,5, а од Ирвинг 25,5 поени според хендикеп границата.
Интерес привлекува и двобојот на ЛА лејкерс против Голден стејт, а фаворити се Езерџиите, најмногу поради тоа што кај гостите ќе го нема повредениот Стеф Кари.
Инаку, во Sport Life може да се обложите колку поени ќе постигнат 85-мина различни кошаркари.