По завршувањето на регуларниот дел во НБА-лигата, од најсилната кошаркарска лига во светот се пофалија со еден убав рекорд. Челниците на НБА потврдија дека сезонава во НБА-арените во просек имало по 18.322 гледачи, што значи дека ова е најгледаната сезона во историјата.
Вкупниот број гледачи во арените бил 22.536.341 гледачи. Дури 872 натпревари биле целосно распродадени и тоа има значителен удел на поставување на овој рекорд.
New all-time attendance records:
🌟 Total attendance (22,536,341)
🌟 Average attendance (18,322)
🌟 Sellouts (872)
🌟 Percentage of capacity (98%)Thank you to all of our fans for a record-setting season! pic.twitter.com/qZcSbGUAgt
— NBA (@NBA) April 15, 2024
Екипите на Бостон, Кливленд, Далас, Денвер, Голден Стејт, Мајами, Минесота, Филаделфија, Феникс и Сакраменто имаа распородадени арени на секој меч што го играа на домашен терен.
Интересно е дека овој просек од рекордни 18.322 гледачи на меч е помалку од тоа што имало навивачи на мечевите на Партизан во дуелите од Евролигата. Црно-белите на 17 средби на домашен терен во просек ги бодреле 19.916 гледачи во белградската Арена.