НБА се крена на нозе да му помогне на психички растроениот Делонте Вест (Видео)

Делонте Вест има сериозни психички проблеми и ноќеска повторно е приведен во Вашингтон, а НБА-заедницата се организира за да му помогне на поранешниот кошаркар на Бостон селтикс, Сиетл суперсоникс, Кливленд кавалирс и Далас маверикс со 8 сезони минати во најсилната кошаркарска лига на светот.

Видеоматеријалот што беше објавен на социјалните мрежи повторно ја потресе НБА, а Вест е со лисици на рацете по нов инцидент во кој, како што самиот тврди, бил нападнат од вооружен човек.

Делонте во 2004 година беше избран како 24-ти пик на драфтот во првата рунда и имаше солидна НБА-кариера, но и големи проблеми. Во 2008 година „Вашингтон пост“ објави дека има дијагноза на биполарна личност и сериозно психичко растројство, а оттогаш почнаа и проблемите за Вест.

Неколкупати е уапсен, а по вчерашниот инцидент неколку негови поранешни соиграчи покренаа иницијатива за помош на поранешниот НБА-кошаркар.

- Оглас -

Најнови вести