НБА се враќа во турбо ритам по еднодневна пауза поради најважниот натпревар во САД

Вечерва по пауза од еден ден поради финалето во НФЛ-лигата, популарниот Супербоул во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат 11 натпревари.

Дербито ќе се игра во Мајами, каде што Жешките го пречекуваат Денвер нагетс. Денвер е лидер на Западот со скор 39-18, додека Мајами е шести на Истокот со 32:25, но се наоѓа во победнички ритам бидејќи славеше на последните три натпревари.

Сепак, проблем за тренерот на Мајами, Ерик Сполстра, претставува изостанувањето на бековите Кајл Лаури и Виктор Оладипо поради повреда, а неизвесни се и Удонис Хаслем и Тајлер Хироу.

Прва „виолина“ кај Денвер е Никола Јокиќ, за кого единствена непознаница е дали ќе оствари трипл-дабл.

Навивачите на Далас очекуваат Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг да ја остварат првата победа како соиграчи на теренот, и тоа во дуелот со Минесота тимбервулфс. Очекувано, со доаѓањето на Ирвинг, Далас стана фаворит во битката за титулата, па поради тоа квотата за победа изнесува 1.43.

Возбудувања треба да има и на дуелот меѓу Портланд трејлблејзерс и ЛА лејкерс, екипи кои се борат за пласман во плејин-турнирот.

Во НБА-понудата на Sport Life има дури 56-мина кошаркари како избор за играта на плус или на минус поени.

- Оглас -

Најнови вести