НБА шампион што победи и на „Танц со ѕвездите“ се однесуваше мафијашки, уапсен е во Далас

Иман Шамперт, поранешниот НБА-шампион со Кливленд кавалирс, е упасен на аеродромот во Далас откако му биле најдени 200 грама марихуана и „Глок“ пиштол со шаржер и со 14 куршуми.

Казната ако биде осуден може да биде до две години затвор и парична глоба од 10.000 долари според законот во САД.

Шамперт играше во НБА-лигата од 2011 година, кога како 17 пик на драфтот го одбра Њујорк никс, сè до лани, кога беше член на Бруклин нетс, а официјално сè уште не ја завршил кариерата.

Во 2016 година со Кливленд кавалирс стана шампион на НБА-лигата, а потоа се покажа и како одличен танчер и победи на светски познатото шоу „Танц со ѕвездите“ со партнерката Даниела Карагач.

- Оглас -

Најнови вести