НБА шампионот мора да брка победа, квотата за триумф на Воините е одлична

Два меча ќе се играат ноќеска во плејофот од НБА лигата. Филаделфија и Сакраменто веќе имаат водство од 1:0 во победи против Бруклин и Голден Стејт вориорс, а сега повторно на свој терен ќе атакуваат на втор триумф.

Според квотите во Sport Life, Филаделфија е голем фаворит против Бруклин, а тоа го покажува и традицијата. На последните шест меѓусебни дуели, секогаш победувале 76-ките од Филаделфија.

Сосема поинаку треба да биде на мечот во Сакраменто против Голден Стејт. На првиот меч, по голема борба, домаќините победија со 126:123. Сепак, не треба да се заборави дека Воините од Голден Стејт се актуелни бранители на тронот, а и во последните 10 средби против Сакраменто имаат седум победи.

Во понудата на Sport Life има дури 24 играчи за играта „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести