12.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

НБА вечер со 11 меча, во Лос Анџелес ќе се надигруваат Вембањама и Дончиќ

Вечерва по полноќ во кошаркарската НБА-лига ќе се играат дури 11 натпревари, а најинтересен треба да биде оној во Лос Анџелес, каде што Лејкерс е домаќин на Сан Антонио.

Езерџиите предводени од Лука Дончиќ имаат скор 6-2, додека Спарс на Виктор Вембањама има 5-1, а поразот им беше на шестиот меч откако отворија со 5-0, што им е клупски рекорд.

На продолжување на победничките серии освен Лејкерс, се надеваат и Детроит, Хјустон, се разбира и непоразениот Оклахома сити, кој во Портланд оди по деветтата победа во деветтиот меч сезонава. Никола Јокиќ и Денвер го пречекуваат Мајами во обид да останат непоразени дома.

Во Sport Life за секој меч имате дури по 140 опции за обложување, огромен е изборот на игри поврзани со мечот, а спектакуларна е понудата и на играчи, може да погодувате кај речиси 130-мина кошаркари колку поени ќе постигнат вечерва.

- Оглас -

Најнови вести