20.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

НБА-вечерта ќе почне со две „двојки“, а потоа ќе има доминација на домашните екипи

Вкупно пет дуели ќе се одиграат ноќеска во НБА-лигата. Актуелниот првак Денвер нагетс на гости игра против Индијана, а традицијата вели дека Денвер има седум победи во низа против овој ривал. Затоа, ако се гледа традицијата, очекувано е да има гостински триумф.

Бруклин, кој има пет порази во последните шест средби, е домаќин на Њујорк никс. Гостите се во одлична форма и имаат девет победи во последните 11 средби, па затоа реално е да се очекува „двојка“.

Во следните три меча кои се на ноќната понуда, домаќините треба да бидат подобри. Оклахома и ЛА клиперс не би требало да имаат никакви проблеми против Портланд и ЛА лејкерс, а Њу Орлеанс е во предност на домашен терен против Јута.

Освен мечевите, тука е и стандардната понуда за поени на играчите. Над 50 кошаркари се дел од оваа понуда за „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести