Вечерва во НБА-лигата ќе се одиграат девет натпревари, а програмата започнува во европски термин, за кои Sport Life подготви 154 комбинации за играње.
Првите два натпревари ќе се играат во европски термин, од 21 часот ќе играат најслабиот тим во НБА-лигата Детроит пистонс и Орландо меџик, а од 21.30 часот Вашингтон визардс ќе игра против Феникс санс кој игра се подобро.
Орландо кој се наоѓа во серија од три порази по ред, би требало да ја прекина лошата серија и да им се врати на победите, додека Феникс санс игра се подобро и е голем фаворит на гостувањето во главниот град на САД.
Најдобриот тим во лигата, Бостон селтикс не би требало да има проблеми против Мемфис гризлис, кој без Џа Морант е далеку од конкурентен тим и се поизвесно е дека ќе го пропушти плејофот.
Дербито на вечерта ќе се игра на Флорида каде Мајами хит ќе го пречека тимот на ЛА клиперс кој победи на седум од последните осум натпревари.
Според квотите, најголем фаворит за победа е шампионот Денвер нагерс кој пред своите гледачи ќе го пречека Портланд треилблејзерс.
Покрај стандардните игри, тука е популарната игра „плус-минус“ поени за кошаркари. Вечерва има 70-мина кошаркари за коишто може да погодувате дали ќе ја надминат или не предложената граница.