НБА вечерва се игра и во европски термин, прв кој ќе се појави на паркетите е трипл-дабл машината Јокиќ

Вечерва во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат шест натпревари, а стартот е во европски термин, од 20.30 часот и тоа на големо задоволство на фановите на стариот континент.

Програмата во НБА лигата, ќе започне со главниот фаворит за МВП трофејот, Никола Јокиќ, чиј Денвер нагетс го пречекува Бруклин нетс. Денвер е голем фаворит, квотата за триумф изнесува 1,30, а се знае кој ќе биде во центарот на вниманието.

Јокиќ е вистинска трипл-дабл машина сезонава, веќе на 26 натпревари имаше двоцифрен број на поени, скокови и асистенции, а неговиот тим е лидер во Западната конференција со скор 46-21.

Филаделфија сиксерс за која игра главниот конкурент на Јокиќ за МВП признанието, Џоел Ембид, е фаворит против Вашингтон визардс, како и Кливленд против Шарлот.

Програмата завршува со големо дерби, ЛА Лејкерс го пречекува Њујорк никс, и иако игра без својот најдобар играч, Леброн Џејмс, ја има фаворитската улога.

Во НБА понудата на Sport Life има и 25-мина кошаркари како избор за игра на плус, или на минус поени.

- Оглас -

Најнови вести