Идејата Аталанта и Денвер следното лето да дојдат во Белград и да одиграат ревијален натпревар сè повеќе се споменува во кошаркарските кругови во Белград. За актуелниот шампион, Денвер, настапува Никола Јокиќ, додека за Атланта игра Богдан Богдановиќ, и двајцата српски интернационалци.
Токму тие двајца ја коментираа оваа идеја, но и најавија дека уште поголем спектакл би било кога би играле против Црвена ѕвезда или Партизан.
„Сте виделе каква е атмосферата кога играат Црвена ѕвезда и Партизан. Кога би играле против нив или ние од НБА меѓу себе, светот би видел една сосема друга страст кон кошарката“, рече Јокиќ.
Со него се согласува и кошаркарот на Атланта, Богдан Богдановиќ.
„Тешко е некому да му се долови таа атмосфера, но таква е нашата култура, секогаш навиваме за својата екипа“, додава Богдановиќ.