НБА-лигата веќе неколку години ги шири хоризонтите и организира средби од регуларниот дел во сезоната во повеќе градови во Европа. Популарни се натпреварите во Лондон, кои се играат во „О2 арената“, а сега за првпат во историјата ѕвезди од најсилната кошаркарска лига ќе играат во Париз.
На 24 јануари 2020 година, во француската метропола силите ќе ги одмерат Шарлот хорнетс и Милвоки бакс, а претседателот на „стршлените“, Мајкл Џордан, е особено горд што неговиот тим ќе учествува во историскиот меч.
„Во својата играчка кариера имав прилика да играм во Париз како дел од претсезонските натпревари. Од прва рака се уверив дека Французите имаат посебна страст кон НБА и можам да истакнам дека сум горд што ќе бидеме гости во Градот на Светлината“, истакна легендарниот Џордан.
Настанот ќе привлече многу внимание бидејќи во Шарлот играат двајца француски репрезентативци, од кои едниот е можеби и најдобар кошаркар во француската историја, Тони Паркер, како и Никола Батум.
https://twitter.com/hornets/status/1111236603882758144?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1111236603882758144&ref_url=http%3A%2F%2Fsportklub.rs%2FKosarka%2FNBA%2Fa271611-I-Njegovo-letece-visocanstvo-se-raduje-NBA-u-Parizu.html