НБА во турбо ритам, 10 натпревари и 39 кошаркари за плус-минус поени

Вечерва на НБА-терените ќе се одиграат десет натпревари, што е одлична најава за многу возбодувања во арените во САД и Канада.

НБА-програмата започнува од 1 часот по полноќ со три натпревари, Шарлот – Детроит, Орландо – Атланта и Индијана – Голден стејт.

Звучи неверојатно, но актуелниот шампион Голден стејт вориорс има најмалку победи на гостувањата од екипите од Западната конференција, само две од 14 натпревари.
Воините за противник го имаат тимот на Индијана, која не игра лошо сезонава и со скор 14-14 е седма на Истокот, но се наоѓа во мини-серија од два порази по ред.

Младиот тим на Орландо оствари три победи по ред и вечерва против Атланта ќе ја брка четвртата, а за фановите на Флорида ќе биде интересно да се види дуелот меѓу првиот избор од драфтот, Паоло Банкеро против ѕвездата на Атланта, Тре Јанг.

Вечерва се игра едно од најголемите дербија во НБА, тоа меѓу Чикаго булс и Њујорк никс, а благ фаворит се Биковите предводени од Демар Дерозан, кој просечно постигнува по 26 поени по натпревар.

Интересно се очекува да биде и во Далас, каде што Лука Дончиќ игра против Кливленд Кавалирс и Донован Мичел.

Освен на мечевите, одлична е и понудата на кошаркари. Дури 39-мина играчи кои ноќеска треба да се појават на паркетот се дел од понудата во Sport Life за „плус-минус“ поени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести