Црвена ѕвезда продолжува со импресивното засилување на ростерот за новата сезона, откако американскиот плејмејкер Девонте Греам и официјално е нов член на белградскиот гигант.
30-годишниот кошаркар, кој произлегува од реномираниот Универзитет во Канзас, има богато искуство од НБА лигата, каде ги бранеше боите на Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс.
Греам се очекува да биде еден од носителите на играта во тимот на Црвена ѕвезда, која ова лето сериозно се засили. Меѓу новите имиња се и Ебука Изунду, Хасиел Риверо, Чима Монеке, Сами Оџелеи, Џордан Нвора, Тајсон Картер, Огњен Радошиќ и Стефан Миљеновиќ.
Со ваков ростер, белградскиот клуб јасно ја демонстрира амбицијата за врвни резултати во АБА лигата и Евролигата.