НБА-ѕвезда исклучена од натпревар бидејќи судијата го нарече „Тиктокер“ (Видео)

Кошаркарот на Голден стејт вориорс, Крис Пол, беше исклучен на дуелот против Индијана пејсерс кој неговиот тим го загуби со 111:123, и тоа поради чудна причина, го нарече судијата „Тиктокер“.

Пол во финишот на мечот доби две технички грешки, што автоматски значеше и исклучување од натпреварот.

Судијата Тони Брадерс прво на 22,6 секунди пред крајот на мечот му досуди техничка грешка на Пол, а ол-стар бекот теренот го напушти на 6,6 секунди пред крајот кога доби и втора техничка грешка.

Пол на прес-конференцијата по мечот ја откри причината зошто беше исклучен.

„Тоа е стариот Тони, зборуваше со мене, јас му одговорив. Го нареков „Тиктокер“ и тој ми даде техничка грешка. Втората техничка грешка ја добив бидејќи му реков дека има корист од големите овластувања. Тогаш ме исклучи“, рече Пол.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести