НБА-ѕвезда поради сопругата едвај чека налето да дојде на одмор во Србија

Кошаркарот на ЛА Клиперс, Пол Џорџ по победата на неговиот тим над Чикаго булс (126:111), изјави дека едвај чека повторно да ја посети Србија. Џорџ е во брак со Даниела Рајиќ и имаат три деца.

„Ја обожувам Србија. Бев таму минатото лето, ја посетив и Црна Гора и уживав. Моите деца се половина Срби и таа земја е дел од мојата култура. Едвај чекам повторно да одам таму“, изјави Џорџ за српската национална телевизија (РТС) кој додаде дека му се допаѓа идејата неговите Клиперси во Белград да одиграат натпревар против Денвер нагетс каде прва ѕвезда е Никола Јокиќ.

„Тоа би било одлично, НБА-лигата треба да го организира тоа. Големи играчи доаѓаат од Србија, како што е Јокиќ и би било забавно да одиграме еден натпревар во Белград“

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести