Кошаркарската репрезентација на Кина би можела да има големо и неочекувано засилување за претстојното Светско првенство, откако претседателот на Федерацијата, Јао Минг, поднесе барање до ФИБА да му дозволи настап на Кајл Андерсон.
Андсерсон кој настапува за Минесота тимбервулфс, на медиумите им откри дека има кинеско потекло, односно неговиот прадедо, дедото на неговата мајка, бил Кинез.
Се очекува ФИБА да не прави проблеми и да му дозволи на Андерсон во иднина да настапува за Кина, бидејќи мајка му успеала да стапи во контакт со семејството во Шенжен и да ги обезбеди потребните документи за да може играчот на Минесота да настапи на СП.
Kyle Anderson is expected to fly to China after the season and join China’s national team, per https://t.co/j3lAD2fKk8 pic.twitter.com/cE9jj7HaZY
— NBACentral (@TheNBACentral) April 25, 2023
Андерсон сезонава имаше просек од 9.4 поени, 5.3 скока и 4.9 асистенции за Минесота со која играше и во плејофот, но беше елиминиран од Денвер нагетс во првата рунда.
Андсерсон за Кина се очекува да дебитира на Светското првенство кое од 25-ти август до 10-ти септември ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.