НБА-ѕвездата две години не шутна тројка, а сега погоди и предизвика хаос (Видео)

Бен Симонс, ѕвездата на Филаделфија сиксерс, конечно ја погоди својата прва тројка во НБА-кариерата. Додуша на подготвителен натпревар, не на официјален, но и ова е напредок.

Овој 23-годишен Австралиец откажа да игра за Светското првенство во Кина и летово работел на својот шут од далечина. Тој во првите две сезони во НБА одигра 182 меча, се доближуваше и до трипл-дабл, но шутот од дистанца речиси и не му постоеше. Сега ако почне да погодува и тројки, Симонс ќе биде еден од најопасните играчи во Лигата.

Кога ја погоди својата прва тројка во последната секунда од првото полувреме против кинескиот Гуангџу, салата „експлодираше“, публиката добро знае дека ова е голема новина, а и резервите на „76-ките“ славеа.

Уште поинтересна беше реакцијата на навивачите кои не беа во салата, туку го гледаа мечот во бар.

- Оглас -

Најнови вести