НБА-ѕвездата е „Марадона од 203 сантиметри“, на загревање покажа неверојатна фудбалска техника (Видео)

Паскал Сијакам е еден од најдобрите кошаркари на потенцијалниот НБА-првак, Индијана пејсерс, а дефинитивно е најдобриот фудбалер меѓу кошаркарите, барем според она што го покажа на загревањето пред мечот со Оклахома сити од големото финале.

Ова долго жонглирање со баскетот потсети на она што опуштено го правеше славниот фудбалер Диего Марадона пред еден меч со Баерн во 1989 година, кое е најпознатото загревање во историјата на фудбалот.

Разликата е што Сијакам не е фудбалер, висок е 203 сантиметри, и не жонглираше со фудбалска, туку со кошаркарска топка, која е поголема и потешка. Сијакам 131 пат го допре баскетот без да му падне на паркетот, а шутираше и со нога и со глава и со рамења.

Погледнете:

https://www.youtube.com/watch?v=ZymJvi_J7jM

- Оглас -

Најнови вести