Ндиаје го направи за Ѕвезда тоа што никогаш не го направија Панчев, Џајиќ, Савиќ и останатите легенди

Сенегалецот Папе Шериф Ндиаје од Црвена ѕвезда вечерва испиша историја со тоа што стана прв странец кој направил хет-трик на вечните белградски дербија.

Ндиаје всушност е само петтиот фудбалер во богатата историја на меѓусебни пресметки на Ѕвезда и Партизан кој дал три гола на еден меч против градскиот ривал, а само втор од Црвено-белите. Пред него, хет-трик во дрес на Ѕвезда против Партизан имаше направено само Стеван Остојиќ пред 56 години, во ноември 1968 година.

Многу голгетерски легенди на Ѕвезда, како Бора Костиќ, Драган Џајиќ, Дуле Савиќ, Зоран Филиповиќ, Дарко Панчев, Рајко Митиќ и останатите, никогаш не успеаја да испорачаат хет-трик во мрежата на Партизан, па затоа подвигот на Ндиаје е вреден и историски.

- Оглас -

Најнови вести