Поранешниот бразилски репрезентативец Роналдињо веројатно е најатрактивниот фудбалер кој некогаш истрчал и играл фудбал на зелените терени. Тој со своите потези ги воодушевуваше фудбалските вљубеници, а врвот на својата кариера ја имаше во екипата на Барселона. Сепак, опуштениот живот што го имаше додека играше фудбал веројатно беше пречка подолго да остане во топ форма и дури да конкурира за најдобар фудбалер во светот.
По завршувањето на фудбалската кариера имаше проблеми со алкохолот, дури и со криминалот, па во Парагвај мораше да оди и во затвор. Сега не бира средства за да дојде до пари за да преживее и да учествува во разни ТВ-шоуа, а најновата информација пристигнува од Турција. Роналдињо ќе биде дел од светски познатото реално шоу Survivor, односно „Преживеани“, кое во моментов се снима во Турција за нивниот пазар.