22.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Не чекаше да го сменат, Светислав Пешиќ сам го напушти селекторското место

Светислав Пешиќ потврди дека си заминува од селекторското место во кошаркарската репрезентација на Србија.

Иако по враќањето од Евробаскетот изјави дека нема да поднесе оставка, јасно е дека неговиот договор нема да биде продолжен кога ќе истече на 30-ти септември.

Пешиќ во интервју за „Политика“, рече дека си оди.

Дојде време да најдеме нов тренер, кој ќе може да го продолжи она што го започнавме. Му ветив на Човиќ дека целосно ќе ја исполнам улогата што ми ја додели во изборот на нов селектор“, рече Пешиќ.

Откако беше елиминиран во осминафиналето, селекторот беше мета на критичарите и медиумите, но имаше кратка порака за сите нив:

Не ме засегаат критиките од луѓе за кои не ми е гајле“.

Пешиќ го освои Европското првенство во 2001 година и Светското првенство во 2002 година со тогашната репрезентација на Југославија, а потоа во својот втор мандат со српската репрезентација освои сребро на Мундобаскетот 2023 и олимписка бронза во 2024 година. Тој исто така има европско злато со германската репрезентација од 1993 година.

Србија добива нов селектор. Листата на кандидати не е толку долга, фаворити се Саша Обрадовиќ и Душан Алимпијевиќ, но можеби ќе има изненадување.

 

- Оглас -

Најнови вести