Не чини за Ерменија и за БиХ – Италија во Зеница може да брка рекорд стар речиси еден век

Италија се пласираше на Европското првенство што ќе се игра за една година, но сè уште има мотиви за игра до крајот на квалификациите што може да ги заврши со максимален учинок од 10 победи, со што ќе урне рекорд стар 89 години.

Популарните Аѕури стигнаа до 7 од 7, утре ќе играат за осмица во квалификацискиот циклус, а противник им е Лихтенштајн во Вадуз и ако забележат очекувана победа, ќе им треба само успех против БиХ во Зеница и потоа дома со Ерменија во потрага по рекордот стар речиси цел век.

Роберто Манчини има шанса да го смени Виторио Поцо, легендарен селектор на Италија, кој ги предводел Аѕурите до 9 победи во низа во сезоната 1938/39.

Ова не е добра вест ниту за Ерменија, ниту за Босна и Херцеговина. И двете селекции се во битка за втората позиција која гарантира пат на ЕП 2020, но Италија нема да игра против нив опуштено, како што веројатно би било вообичаено.

Избраниците на Роберто Манчини најавуваат максимална борба за десетката, со што би „паднал“ рекордот стар речиси еден век. Во сезоната 1938/39 под команда на Виторио Поци таа генерација на италијански репрезентативци забележала 9 победи по ред.

Моментно Аѕурите се на врвот со 21 бод и сигурно ќе бидат први во групата Ј бидејќи се недостижни за сите ривали.

По 7 кола, односно на 3 меча до крајот на квалификациите, Финска е втора со 12 бодови, Ерменија и БиХ се веднаш зад нив со по 10 бода и тоа се трите селекции што бијат битка за второто место за пат на ЕП.

Италија по утрешното гостување во Вадуз, ќе игра со БиХ во Зеница на 15 ноември и со Ерменците дома на 18 ноември.

 

- Оглас -

Најнови вести