Не дивеел само Жоан Лапорта во Мадрид, полицијата го уапсила и неговиот син

Барселона доживеа пораз во првото Ел Класико сезонава, фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 3:1, а по мечот првиот човек на каталонскиот тим, Жоан Лапорта, предизвика инцидент со влегувањето во соблекувалната на судиите.

Лапорта барал објаснување од судиите за недосудување на пенал за Барселона при дуелот на Роберт Левандовски и Дани Карвахал.

Ова не е се од семејството Лапорта бидејќи непосредно пред мечот што се играше на „Сантијаго Бернабеу“, мадридската полиција го уапсила неговиот син Гилјермо, кој ѝ се заканувал на партнерката, пишува „Ел Еспањол“.

Извори од полицијата за шпанските медиуми откриле дека синот на Лапорта во ресторан во Мадрид, пред десетина гости почнал да ја тресе партнерката и да ѝ се заканува. Гостите брзо повикале полиција, а Лапорта Јуниор давал отпор при апсењето. Тој бил агресивен, поради што била повикана брза помош да му даде седативи за смирување. Гилјермо ноќта ја поминал во притвор, а денеска треба да биде изведен пред судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести