Не доби 450.000 денари поради утната квота од 1.28, а главен „виновник“ е Столе Димитриевски (Фото)

Најмалерозниот тикет од изминатата недела е уплатен во Струга. Наш редовен читател ни го испрати ливчето на кое има одиграно 24 натпревари, а уплатено е само со 50 денари. Потенцијалната добивка на тикетот е 450.886 денари, но, за жал, само еден гол фалело за да биде добитен.

Обложувачот има одиграно најразлични комбинации, и тоа на коефициенти од 1.03 до 2.50. Погодени се 23 натпревари, а единствено е промашен дуелот од шпанското првенство меѓу Хетафе и Рајо Вајекано.

Прогнозата била Хетафе да постигне барем еден гол во текот на мечот, а коефициентот за тоа било 1.28. За несреќа на обложувачот, дуелот на крајот средбата заврши 0:0, а голманот на Рајо Вајекано, македонскиот репрезентативен чувар Столе Димитриевски е херојот на гостите.

Хетафе имаше 12 шута кон голот на Димитриевски, од кои шест одеа во рамките на голот, но македонскиот репрезентативен голман ги одбрани сите шута на играчите на Хетафе.

- Оглас -

Најнови вести