Не е добар само во тенис, Ѓоковиќ на кинески јазик честиташе лунарна нова година (Видео)

Утре Кинезите ја слават својата нова година, па по тој повод, најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, реши да им честита, и тоа на нивен јазик.

Од утре, за Кинезите почнува годината на дрвениот змеј и ќе трае до 28-ми јануари 2025.

Според нивниот хороскоп, секоја година е во знакот на едно животно во циклус кој се повторува на секои 12 години. Има 12 различни животни, а освен тоа, секоја година е и поврзана со еден од петте елементи кои ја сочинуваат вселената според кинеската филозофија, и тоа се вода, дрво, земја, метал и оган. Комбинацијата дрво и змеј каква што стартува од утре, се појавува на секои 60 години.

„Здраво, среќна нова лунарна година на сите низ светот кои ја слават годината на Змејот. Ви посакуваме радосна и безбедна прослава“, рече Новак на кинески, а потоа продолжи и на англиски и им заблагодари за поддршката која ја има.

https://twitter.com/i/status/1756003586188759319

- Оглас -

Најнови вести