Минимални се шансите Лука Циндриќ да игра во големото финале на Европското првенство. Хрватскиот ракометар има огромна желба, но лекарскиот тим не е сигурен оти тој може да настапи на дуелот со Шпанија. Циндриќ има повреда на грбот и стара повреда на скочниот зглоб.
Доколку некогашниот играч на Металург и Вардар не може да игра, тоа ќе биде хендикеп за екипата на селекторот Лино Червар, иако Хрватите и без Лука во второто полувреме и продолженијата ја победија силната Норвешка во незаборавното полуфинале и претходно одиграа нерешено со Шпанија во групната фаза кога двата тима тактизираа.
Хрватоте посакуваат да станат европски шампиони и да го освојат единствениот медал кој им фали во колекцијата, но изгледа тоа ќе мора да го направат без еден од нивните главни играчи. Шпанија ја брани титулата и според квотите во Sport Life, важи за фаворит во финалето.