Не е фудбалско, ама е големо засилување за Манчестер сити

Познатиот британски адвокат Дејвид Паник ќе биде дел од тимот врвни адвокати кои ќе го бранат англискиот шампион Манчестер сити во битката со УЕФА.

Шеиците од Катар кои преку фирмата „Сити фудбал груп“ се сопственици на Манчестер сити веќе го ангажираа Паник, човекот кој двапати успеваше да го блокира Брегзит, односно нелегалното излегување на Велика Британија од Европската Унија.

Ангажманот на Баронот Паник е скап и ќе чини по 20 илјади евра дневно, што е „солена“ сума, но шеиците не штедат пари во битката со УЕФА.

Европската куќа на фудбалот го казни англискиот првак со двегодишна суспензија од Лигата на шампионите поради финансиски малверзации и плус парична казна од 30 милиони евра.

Од редовите на Сити најавија дека ќе се жалат до Арбитражниот суд за спорт во Лозана, а ако и таму пресудата се потврди, тогаш ќе се бранат и на цивилен суд.

 

- Оглас -

Најнови вести