Не е исклучено на СП 2022 во Катар да играат 48 тима

Светското првенство во фудбал ќе се прошири од 32 на 48 учесници, но наместо во планираната 2026 година, тоа може да се случи уште на наредниот Мундијал, во Катар 2022 година. Доколку се случи ова, тогаш Катар нема да биде сам организатор на првенството, туку ќе треба да се уфрли уште некоја од неговите соседи земји.

СП 2026 ќе се игра во САД, Мексико и Канада, Светската фудбалска асоцијација одлучи таму да биде првото проширено светско првенство, но сега претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кажува нешто друго.

„Ако е можно, зошто да не? Ќе видиме дали е можно. Разговараме со нашите катарски пријатели и со другите од регионот, па се надевам на успешен исход. Ако не успееме, барем ќе знаеме дека сме се обиделе“, рече Инфантино.

Инфантино сака проширување и на клупското СП, идејата е тоа да биде „вистинско натпреварување достапно за сите клубови на светот“.

- Оглас -

Најнови вести