Селекторот Игор Ангеловски им се приклучи на терен на своите избраници на партија фудбал, како дел од подготовките за натпреварите со Полска и Австрија на 7. и на 10. јуни, но наиде на бескомпромисни борци.
Во дуел со Бобан Николов, селекторот на „своја кожа“ почуствува дека не е лесно да бие битка со такви борци, но ги издржа сите искушенија.
Денеска популарниот Мрме го продолжи договорот со ФФМ до 2020 година, што е потстрек за него и неговите избраници да го прослават убавиот момент со подвиг против Полска и Австрија во јунскиот блок мечеви во Скопје на патот до евентуален пласман на ЕП 2020 година.