Не е лошо три за 15 – Спорт Манија повторно понуди добитен тикет со коефициент 30 (Фото)

Погодените петки на Типстерските совети на Спорт Манија зачестија, па и вчера ви понудивме добитна комбинација со коефициент 30.

На тикетот беа одиграни четири фудбалски мечеви и еден од кошаркарската Евролига и сите се прецизно погодени, па за уплата од 100 денари добивката во бруто износ е 3.000 денари за убав почеток на октомври.

Стартот беше одличен со погодена комбинација на мечот меѓу Фенербахче и Црвена Ѕвезда во најсилната кошаркарска лига во Европа.

Фенер победи со 61:57 и погодената квота за играта „единица и помалку од 153 поени“, или 1<152,5 поени од 2.40 е погодена.

Веднаш потоа следеа фудбалските возбудувања, а речиси и да немаше неизвесност и дилеми дали тикетот во Типстерските совети ќе биде погоден.

Келн успеа да направи пресврт против Гројтер фурт и од 0:1 победи со 3:1, па и тука погодена е комбинирана игра 1&T1 2+ со квота од 1.72.

Стоук и Вест Бромвич Албион успеаа да одиграат барем едно полувреме нерешено и тоа првото, без голови, за точно погоден тип Х било кога со коефициент од 1.76.

Фин Харпс и Дандалк лесно за нешто повеќе од еден час ја исполнија квотата од голови за 3+ со коефиециент од 1.96, а и Ленс постигна два гола до 52. минута за погоден тип Т1 2+ со коефициент од 2.09.

Претходно на 16. септември погодивме тикет со коефициент од 44 во Sport Life, а потоа повторно прецизно беше погодена петка на 24. септември со вкупна квота од 25.8.

Следете ја стандардната содржина на Спорт Манија, Типстерски совети и очекувајте нова комбинација за добивка во Sport Life и денеска.

 

 

- Оглас -

Најнови вести