Украинката Лесја Цуренко стана хит на социјалните мрежи, откако се појави една фотографија на која се гледаат мускули на рацете, какви што ретко се гледаат кај жена, макар таа била и спортистка која тренира секојдневно.
Со изразените жили и мускули, 32-годишната тенисерка која неделава играше на ВТА турнирот во Истанбул, и се наоѓа на 135-тото место на ВТА листата, наликува на Рафаел Надал, дури и го надминува.
Кога е опуштена и далеку од тениските терени, Цуренко ја покажува и својата друга, понежна и пропривлечна страна.