Не е наивна ситуацијата кај Црвените ѓаволи – Од страв го откажаа стандардниот состанок пред вечното дерби со Ливерпул

Раководството на Манчестер јунајтед од безбедносни причини одлучи да го откаже стандардниот состанок што го имаат играчите и стручниот штаб пред натпреварите во Премиерлигата, а во пресрет на вечното дерби со Ливерпул, вечерва од 21 часот.

Состанокот што е рутина кај сите клубови, а се одржува пред мечот, односно во случајот на Манчестер јунајтед во хотелот „Лаури“, пред тргнувањето на стадион е откажан од страв од реакцијата на навивачите.

Дел од симпатизерите на Црвените ѓаволи најавија и протести вечерва пред „Олд Трафорд“, а се бунтуваат против семејството Глејзер.

Се бара тие да се повлечат од клубот, кој е рекордер во Англија со 20 титули и да го продадат Манчестер јунајтед.

Црвените ѓаволи немаат шампионска круна од 2013 година, кога заврши ерата на Сер Алекс Фергусон, а од сезона во сезона бележат се послаби резултати.

Моментно по две кола во Премиер лигата имаат два порази со гол-разлика од 1:6 и ако загубат од вечниот ривал Ливерпул ќе имаат мизерен старт, еден од најлошите во англиското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести