Не е навикнат на ова, Роналдо првпат во кариерата две сезони по ред не освојува ништо

На Кристијано Роналдо кариерата не му оди како што посакува, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот дочека две сезони по ред да не освои никаков трофеј.

На Роналдо првпат во кариерата му се случува две сезони по ред да не освои ништо со своите клубови.

Последен пехар кој го крена беше оној од Купот на Италија во мај 2021 година, кога уште играше за Јувентус. Потоа од Јуве се пресели во Манчестер јунајтед, но тука почна падот кој трае уште. Сега Португалецот е во саудиски Ал Наср, но и со тоа клуб не освои ништо, иако кога потпиша за нив, беа на лидерската позиција во првенството и уште беа во игра за трофејот во Купот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести