Не е ни Клоп, ни Алегри: Флорентино Перес најде кој треба да биде нов тренер на Реал Мадрид

Реал Мадрид во наредната сезона ќе биде со нов тренер, а претседателот на клубот, Флорентино Перес, веќе подого време е по наследникот на Алваро Арбелоа. Оваа сезона на клупата на Реал седна Чаби Алонсо, стратег за кого се веруваше дека е вистинското решение по заминувањето на Карло Анчелоти.

Сепак, Алонсо не го издржа притисокот што го носи тренерското место во Реал. Стратегот не успеа да воспостави контрола врз играчите и да ја „смири“ соблекувалната, па доби отказ само по неколку месеци откако беше назначен. На негово место беше назначен Арбелоа, кој дојде од Б тимот на Реал.

Веќе некое време се нагаѓа кој би бил следен тренер на Реал, а имињата на Јирген Клоп и Масимилијано Алегри најчесто се споменувани имиња. Сепак, според последните најави, Перес се фокусирал на трето име, а тоа е Маурисио Покетино.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести