Во зимскиот период, поголем дел од фудбалските терени во Македонија се претвораат во ужасно место за играње. Дека ситуацијата не е подобра и во дел од регионот, потврдуваат сликите кои доаѓаат од Хрватска.
Во последното коло од есенскиот дел во Сплитско-далматинската жупанија, екипата на Омладинац со 3:0 на гости го победи Приморац. Овој меч воопшто немаше да биде актуелен подалеку од таа област, ако не се појавеа фотографии за тоа на каков терен се играло.