Еден човек по име Адам Џонс е најбараниот човек на Вимблдон, сите сакаат да тренираат со него, и плус му плаќаат за тоа.
Од 2022 година, Адам одлучи да аплицира за спаринг партнер за играчи на Вимблдон. Има 27 години, сè уште активно игра тенис, но неговиот најдобар ранг во кариерата е 573-та позиција и заработил вкупно 22.386 долари.
Затоа решил да најде решение на друг начин и да тренира со најдобрите и по пат да заработи нешто. За тоа му плаќаат 125 долари дневно.
„На некој начин го живеам својот сон, тоа е неверојатно. Мајка ми еднаш ме гледаше како тренирам со Новак на Вимблдон и тоа е еден од најубавите спомени што ги имам. Иако никогаш не сме играле натпревар, неверојатно е што можам да кажам дека тренирав со овие неверојатни луѓе“, изјави Џонс кој имал тренинзи со Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев, Каспер Руд…
Џонс откри за време на интервјуто дека не го прави ова за пари и дека тоа не е неговата главна причина. Тој заработува 125 евра дневно за улогата како спаринг партнер, покрај тоа добива храна и бесплатно одржување на рекетот, додека мора сам да плати за сместување и останатото.