Не е прв пат: На Роналдо пред 15 години не му признаа еврогол со „ножички“ (Видео)

Кристијано Роналдо синоќа збесна и не сакаше да го доигра мечот против Србија во Белград, откако судиите не видоа дека во 93 минута, топката ја помина гол-линијата и требаше Португалија да се израдува на трет погодок. Капитенот на Португалците шутираше, а еден од домашните фудбалери ја исфрли топката во поле, но очигледно дека малку задоцни.

Роналдо почна да се радува, но судиите не реагираа и дозволија играта да продолжи, па на Португалија и беше поништен чист погодок и тоа најверојатно за победа од 3:2.

Тоа што му се случи на Роналдо синоќа, не е прв пат во дресот на Португалија. Пред речиси 15 години, односно на 7 октомври 2006 година, Португалија играше со Азербејџан, а Кристијано даде прекрасен погодок со ножички. Иако топката ја помина гол линијата, судиите и на тој меч не реагираа и дозволија играта да продолжи, односно не му го признаа погодокот на Роналдо.

 

- Оглас -

Најнови вести