Реал Мадрид сезоната во Ла Лига ќе ја заврши со 12 порази од вкупно 38 натпревари. Денес Кралевите одново ја разочараа публиката на „Сантијаго Бернабеу“, со пораз од Бетис со 0-2 во последното коло за оваа сезона.
Сè уште актуелниот европски првак по осми пат во клупската историја сезоната во Ла Лига ја завршува со 12 порази, но тоа не е нивен најлош учинок. Во сезоната 1973/74, Реал претрпе 13 порази од вкупно 34 натпревари, така што негативниот рекорд останува непроменет.
Лорен и Хесе додадоа сол на раната на Кралевите, а јасно е зошто Зидан бара од раководството мултимилионски буџет за од корен да го смени составот.