21.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Не е само до короната, во Бундеслигата поставен нов рекорд на „двојки“

Домашниот терен не е голема предност во германскиот фудбалски шампионат сезонава, а тоа го потврдуваат и бројките. Сега, со играњето без публика, задачата на гостите е уште повеќе олеснета, па затоа и не треба да чуди тоа што во Бундеслигата на три кола до крајот е поставен нов рекорд по бројот на гостински победи во една сезона.

Во колото кое се играше викендов, дури шест меча завршија со триумфи на гостинските тимови, а еден домашен тим (Баерн) се радуваше на свој терен. Со овие шест „двојки“, Будеслигата сезонава дојде со 106 победи на гостите, што е историски рекорд. Досега рекордот беше 102 победи на гостите од сезоната 2010/11.

- Оглас -

Најнови вести