Не е само Јувентус, и Наполи правел финансиски малверзации: Ќе се испитува трансферот на најголемата ѕвездата на тимот

Во Италија се подготвува нов земјотрес бидејќи по Јувентус, следен тим кој треба да се најде под истрага за финансиски малверзации е лидерот на табелата во Серија А, Наполи.

Имено, според весникот „Република“, Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) подготвува барање до обвинителството во Неапол да ги достави документите за трансферот на Виктор Осимен од Лил како и финансиските извештаи на Наполи за изминатите години.

Иако Наполи беше ослободен од обвинението дека не ја пријавил реалната сума која ја платил за трансферот на Осимен од Лил, истрагата на ФИГЦ и на торинското обвинителство за малверзациите на Јувентус, пронајде нови докази дека и претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис водел лажно сметководство и мамел при трансферите.

„Обвинителот во рамки на ФИГЦ, Габриеле Чине, наскоро ќе побара од обвинителството во Неапол да му бидат доставени сите докази за истрагата што се водеше против Аурелио де Лаурентис за финансиски малверзации“, пишува весникот „Република“.

Наполи е лидер на табелата во Серија А со 50 бода, 12 повеќе од Милан, додека Јувентус по одземањето на 15 бодови поради финансиски малверзации падна на десеттото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести