Не е само Јувентус, уште еден гигант, и тоа од Португалија под истрага за финансиски малверзации

Португалскиот суд ја обвини компанијата која управува со Бенфика, како и неколку нејзини менаџери за финансиски малверзации.

„Компанијата Бенфика САД, која е одговорна за управување со клубот, е обвинета за даночна измама. Членовите кои беа во управниот одбор од 2016 до 2020 година, од кои еден сè уште е на функција, исто така се обвинети за истото дело, како и за фалсификување на документи“, соопшти португалскиот гигант.

Португалското јавно обвинителство потврди дека се води истрага против компанијата и лица поврзани со Бенфика, која може да резултира со обвинение за затајување на данок.

Според португалските медиуми, главни осомничени во истрагата се Луис Филипе Виеира, кој беше претседател на португалскиот тим од 2003 до 2021 година, како и Доминго Соарес де Оливеира, кој е актуелен претседател на компанијата Бенфика САД.

- Оглас -

Најнови вести