Не е само Кепа и на Меси не му се излегуваше од игра (Видео)

Кепа Аризабалага е хит со реакцијата да одбие да го напушти теренот, а целата ситуација траеше подолго и затоа има поинаква димензија од сличните потези на многу поголеми фудбалски ѕвезди.

Кепа и Маурицио Сари се расправаа како на пазар, а победи голманот и остана во игра, па резервниот чувар на мрежата на Челзи Вили Кабалјеро остана на клупата.

Во ерата на Луис Енрике, и Лионел Меси одби да го напушти теренот, а тогашниот тренер на Барселона луто реагираше, но потоа се смири и ја прифати одлуката на главната алка кај Каталонците.

Погледнете како изгледаше случајот Енрике – Меси.

- Оглас -

Најнови вести