Натпреварите од 11-тото коло на Првата македонска фудбалска лига, закажани за денеска со почеток во 14.30 часот, носат неколку интересни пресметки, од кои се истакнуваат две, оние во Струмица и во Скопје на стадионот „Чаир“.
Според положбата на табелата, дерби е дуелот на Академија Пандев со Македонија ЃП. Струмичани кои ја имаат најдобрата одбрана во лигата се втори, а „лавовите“ се трети. Во Чаир, гостува „фенерџијата“ Работнички кој има нов тренер, па останува да се види како ќе функционира тимот со новиот шеф Марјанчо Андрески.
ДВОЈКИ, 11 КОЛО: Академија Пандев – Македонија Ѓорче Петров, Шкендија – Силекс, Шкупи – Работнички, Струга Трим Лум – Ренова, Вардар – Борец.