Не само во Мадрид, лудо се славеше Златната топка за Бензема на уште едно место (Видео)

Карим Бензема конечно си го исполни сонот и завчера на свечената церемонија во Париз ја доби Златната топка како најдобар фудбалер за 2022 година во избор на „Франс фудбал“.

Покрај славењето во таборот на Реал и секако во Мадрид, лудо се славеше во уште еден европски град во чест на францускиот репрезентативец и неговото признание Ballon D`Or.

Дел од навивачите на Олимпик Лион излегоа на улиците да го прослават големото признание за нивниот поранешен миленик.

OL fans celebrate their former player Karim Benzema’s Ballon d’Or triumph in the streets of Lyon from soccer

Бензема играше за Лион од 2004 до 2009 година, а во клубот беше од 1997 година и пристигна во Акдемијата како 10-годишно момче.

Интересно е што Лион има договор со Реал Мадрид од 2009 година, кога се случи трансферот на Бензема, да добие еден милион евра доколку Карим некогаш ја освои Златната топка како играч на Кралевите.

Тоа се случи сега и Реал ќе мора да исплати милион евра на сметката на Лион, а исто толку како парична награда ќе добие и Бензема.

 

- Оглас -

Најнови вести